E-mail : info.waaf@yahoo.com
Phone : +389 46 200 - 032
Ние сме страстен тим со визија за доставување на најдобри фестивали на привлечни локации. Нашата цел е организирање на фестивали на најнеобичните места, што ќе создадат сеќавања кои ќе ги паметите цел живот.
Главните активности на нашата Светска Уметничка Асоцијација на Фестивали (WAAF) вклучуваат промоција и организација на културни манифестации, настани и фестивали низ целиот свет, каде различни групи можат да учествуваат: Фолклорни групи, Ансамбли, Мажоретни тимови и Марширачки оркестри, Хорови, групи кои преферираат Модерни танци, Балет, Оркестри, групи кои ги негуваат традиционалните песни и т.н.
Учесниците можат да аплицираат на некои од фестивалите во нашата земја или на фестивали кои се промовирани на нашата страна и се одржуваат во други земји. Групите ќе имаат можност да настапат, да се натпреваруваат и да земат учество на меѓународни натпревари, фестивали и концерти.
Нашата организација нуди:
Организација, огласување и промоција на различни видови на фестивали.
Можност и шанса за учество на фестивали во нашата земја или во други земји, без разлика на возраста на членовите на групата. (Деца, Млади и членови на групи Ветерани кои сакаат да патуваат, да се натпреваруваат и сакаат да ја презентираат својата култура можат да земат учество на овие фестивали);
Некои од најголемите предности кои овие натпревари, семинари и фестивали ги нудат се резултатите, наградите, дипломите и сертификатите кои секоја група (држава) ги добива, како и можноста за учесниците да запознаат нови луѓе и да направат нови пријателства. Како што споменавме и претходно, фестивалите се меѓународни и групи од целиот свет можат да земат учество.
Со организација на овие фестивали ние нудиме голема можност за да ни се придружат сите луѓе низ светот кои сакаат да уживаат и да ги слават убавините и важноста на културата и традицијата.
}