E-mail : info.waaf@yahoo.com
Phone : +389 46 200 - 032
Duration: 24 Aug 2019 - 28 Aug 2019
Location: Охрид, Македонија
Price: 60€
Apply Now!
Директор: Миленко Андрески
Рок за аплицирање: 20 Јуни 2019

img_6682

ОХРИД
Охрид – градот на светлината е вековна ризница на македонската култура и духовност, преполн со прекрасни цркви. извор на словенската писменост.
Градот, кој заедно со Охридското езеро, едно од трите најстари езера на светот, е под заштита на УНЕСКО.
Калдрмените улици во Стариот дел на градот се опкружени со традиционални ресторани и кафулиња кои ќе ви ја презентираат националната Македонска гастрономија.

ЦЕЛ НА ФЕСТИВАЛОТ
Овој фестивал е совршена прилика за учесниците кои доаѓаат од различни земји од целиот свет да се соберат на едно место и да ја изразат својата култура и традиција преку танцување, музика и традиционални носии. Охрид ќе биде домаќин на танцови и национални уметнички групи од целиот свет.
Охрид ќе биде домаќин на танцови и национални уметнички групи од целиот свет.
Учесниците ќе имаат можност да запознаат нови луѓе, да создадат нови пријателства и да ги видат убавините на градот Охрид и Охридското Езеро, кои се под заштита на УНЕСКО. Идејата на фестивалот е да се создадат и развијат нови форми на комуникација во меѓународниот дијалог и меѓународна соработка во иднина.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
  • Културно Уметнички Друштва и Ансамбли од целиот свет можат да земат учество на фестивалите
  • Бројот на учесници не е ограничен
  • Не постои возрасна граница
  • Неопходно е да се изготви минимум еден перформанс во времетраење од 12 до  15 минути
  • За време на фестивалските вечери секоја група – учесник со себе да ги понесе своите национални обележја (знаме) и обележја на друштвото
  • Се препорачува секоја група -учесник да понесе подароци за размена
  • Групите – учесници настапуваат на снимен музички материјал (CD, USB) или со сопствен оркестар
  • Секоја група – учесник ја пополнува апликацијата и на тој начин аплицира за учество на фестивалот. Во прилог на апликацијата се доставува: слики, видео материјали и кратка биографија, се со цел промоција од страна на организаторот
  • По комплетирање на целосната документација и авансното плаќање, организаторот на фестивалот доставува и официјална покана до учесниците на фестивалот
  • По пристигнувањето се врши и целосно плаќање од страна на учесниците и со тоа се обезбедува учество на фестивалот.

ТАКСА ЗА УЧЕСТВО
  • 60 евра по лице за 3 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
  • 79 евра по лице за 4 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
  • 97 евра по лице за 5 ноќевања полупансион (доручек и вечера)

 

  • 66 евра по лице за 3 ноќевања полн пансион (доручек, ручек и вечера)
  • 85 евра по лице за 4 ноќевања полн пансион (доручек, ручек и вечера)
  • 103 евра по лице за 5 ноќевања полн пансион (доручек, ручек и вечера)

 

Хотел Чинго” и хотел Мизо во својот аранжман нудат само полупансиони:
Хотел“Чинго” 75 евра по лице за 3 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
99 евра по лице за 4 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
Хотел “Мизо” 90  евра по лице за 3 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
119 евра по лице за 4 ноќевања полн пансион (доручек, ручек и вечера)
На секој 20-ти учесник, 21-от е гратис.

АРАНЖМАНИ КОИ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА
-За двокреветна соба се доплаќа 5 евра дневно по лице
-За сместување во еднокреветна соба е +50% од цената
*На ваше барање можете да го продолжите вашиот престој во Охрид за 20 евра дневно-полн пансион (појадок, ручек и вечера). За дополнителните дена организаторот ќе подготви специјална програма за вас.
 *ВАЖНО: Македонска туристичка такса (0.70 центи евро/40 денари по човек на ден) не е пресметана во таксата за учество и се плаќа веднаш по пристигнување и сместување

СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ
  • Хотел “Чинго” – 4 ѕвезди и капацитет од 55 легла
  • Хотел “Мизо” – 4 ѕвезди и капацитет од 120 легла
  • Хотел “Амбасадор” – 3 ѕвезди и капацитет од 70 легла
  • Хотел “Десарет” – 3 ѕвезди и капацитет од 150 легла
  • Хотел “Ловец” – 3 ѕвезди и капацитет од 70 легла
  • Апартмани “Моника” – 2 ѕвезди и капацитет од 30 легла

ОРГАНИЗАТОРОТ НА СВОИТЕ УЧЕСНИЦИ ИМ ОБЕЗБЕДУВА
  • Сместување во хотели и апартмани
  • Бесплатен паркинг (надвор од центарот на градот)
  • Водич придружник од организацијата (на ваше барање)
  • Медиумска промоција на фестивалот (а со тоа и на групите-учесници) преку прес-конференции, радио, тв-канали, постери, флаери
  • Професионална бина (10×8 метри)
  • Професионално осветлување и техничка подршка
  • Сертификат за учество на фестивалот
  • Коктел забава
  • Пијалок за време на фестивалот
  • Сувенири и подароци за секоја група
  • DVD  и фотографии од фестивалскиот настап
  • На групите кои доаѓаат со авион им е обезбеден бесплатен превоз од Аеродром до хотелот

ВО ТАКСАТА ЗА УЧЕСТВО НЕ Е ВКЛУЧЕНО
  • Професионален туристички водич
  • Патничко осигурување
  • Здравствено осигурување (Медицинските услуги – Прва помош и Услуги од ЈЗУ Општа Болница Охрид ќе бидат на терет на групата – учесник)
  • Паркинг во центарот на градот

ДЕН ПО ДЕН ПРОГРАМА
Прв фестивалски ден:
  • Пристигнување во Охрид/Сместување во апартманите, хотелите
  • Средба со организаторот (програма со распоред на активности)
  • Ручек
  • Слободни активности
  • Вечера
  • Слободни активности
Втор фестивалски ден:
  • Појадок
  • Разгледување на градот Охрид: Охрид Етно Музеј (1 евро), Национална работилница за рачна изработка на хартија, Црква Св. Софија , Мост на желбите, црква Св. Јован Канео,црква св. Климент и Пантелејмон  (2 евра), Антички театар, Самоилова тврдина (1 евро), Стара охридска чаршија, Чинар (најстарото дрво во Р. Македонија), посета на продавница за накит (охридски бисер) каде по случаен избор еден учесник ќе добие подарок
  • Ручек
  • Парада низ градот и настап на учесниците (прва фестивалска вечер)
  • Вечера
Трет фестивалски ден:
  • Појадок
  • Пловење со брод по Охридското езеро (7 евра), посета на Музејот на вода (залив на коските) и манастирот Св. Наум, посета на изворот на реката Црн Дрим, посета на Билјанини извори
  • Ручек
  • Парада низ градот, (втора фестивалска вечер), доделување на сертификати од страна на организаторот
  • Диско забава
  • Вечера
Четврт фестивалски ден:
  • Појадок
  • Разглед на градот Струга: посета на историски и културни споменици (река Црн Дрим, манастир Пресвета Богородица-Калишта, Вевчани и Вевчанските извори (1 евро)
  • Ручек
  • Вечера
Петти фестивалски ден:
  • Појадок
  • Одјавување од хотелот, апартманот
  • ФАКУЛТАТИВНО (последен ден): 
    • Посета на главниот град на Р. Македонија -Скопје:разгледување на центарот на градот-Порта Македонија, Градскиот Плоштад, Скопска Тврдина, Стара Скопска Чаршија, Камен Мост, Спомен куќа на Света Мајка Тереза, Даут Паша Аман….
    • Ручек
    *Професионален туристички водич (80 евра)

Организаторот го задржува правото  да ја промени програмата на фестивалот
}