E-mail : info.waaf@yahoo.com
Phone : +389 46 200 - 032
Duration: 01 Sep 2019 - 05 Sep 2019
Location: Драч, Албанија
Price: 69€
Apply Now!
Директор: Миленко Андрески
Рок за аплицирање: 20 Јули 2019


ДРАЧ, АЛБАНИЈА
Драч или Дрча е приморски град во Албанија кој излегува на Јадранско Море. Тој се наоѓа во средна Албанија, на 35 км од главниот град Тирана. Драч претставува најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон средоземјето, а тоа го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Тој е всушност и најстариот град во Албанија чии зачетоци се во антиката.

ЦЕЛ НА  ФЕСТИВАЛОТ
Овој фестивал е совршена прилика за учесниците кои доаѓаат од различни земји од целиот свет да се соберат на едно место и да ја изразат својата култура и традиција преку танцување, музика и традиционални носии.
Идејата на фестивалот е да се создадат и развијат нови форми на комуникација во меѓународниот дијалог и меѓународна соработка во иднина.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
  • Културно Уметнички Друштва и Ансамбли од целиот свет можат да земат учество на фестивалите
  • Бројот на учесници не е ограничен
  • Не постои возрасна граница
  • Неопходно е да се изготви минимум еден перформанс во времетраење од 12 до  15 минути
  • За време на фестивалските вечери секоја група – учесник со себе да ги понесе своите национални обележја (знаме) и обележја на друштвото
  • Се препорачува секоја група -учесник да понесе подароци за размена
  • Групите – учесници настапуваат на снимен музички материјал (CD, USB) или со сопствен оркестар
  • Секоја група – учесник ја пополнува апликацијата и на тој начин аплицира за учество на фестивалот. Во прилог на апликацијата се доставува: слики, видео материјали и кратка биографија, се со цел промоција од страна на организаторот
  • По комплетирање на целосната документација и авансното плаќање, организаторот на фестивалот доставува и официјална покана до учесниците на фестивалот
  • По пристигнувањето се врши и целосно плаќање од страна на учесниците и со тоа се обезбедува учество на фестивалот.

ТАКСА ЗА УЧЕСТВО
69 евра по лице за 3 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
89 евра по лице за 4 ноќевања полупансион (доручек и вечера)

ТАКСАТА ЗА УЧЕСТВО ВКЛУЧУВА
  • Сместување во хотели/апартмани, вили и одморалишта
  • На секој 20-ти учесник – 21-от е гратис
  • Бесплатен паркинг
  • Водич придружник од организацијата (на ваше барање)
  • Сертификати за учество

ТАКСАТА ЗА УЧЕСТВО НЕ ВКЛУЧУВА
  • Професионален туристички водич
  • Патничко осигурување
  • Здравствено осигурување
  • За двокреветна соба се доплаќа 5 евра дневно по лице
  • За сместување во еднокреветна соба е +50% од цената

ДЕН ПО ДЕН ПРОГРАМА
Прв фестивалски ден:
  • Пристигнување /Сместување
  • Состанок со организаторот
  • Вечера
Втор фестивалски ден:
  • Појадок
  • Слободни активности (плажа, шопинг, разглед на градот)
  • Вечера
  • Слободни активности
Трет фестивалски ден:
  • Појадок
  • Факултативно: (сопствен избор)
  1. Посета на Тирана
  2. Разглед на историскиот град Крује и историските споменици и музеи. Групите на овие екскурзии одат со сопствен превоз
  3. Слободни активности
  • Дефиле, Настап на учесниците (Прва фестивалска вечер)
  • Вечера
Четврт фестивалски ден:
  • Појадок
  • Факултативно: (сопствен избор)
  1. Посета на Тирана
  2. Разглед на историскиот град Крује и историските споменици и музеи. Групите на овие екскурзии одат со сопствен превоз
  3. Слободни активности
  • Дефиле, Настап на учесниците (Втора фестивалска вечер)
  • Вечера
Петти фестивалски ден:
  • Појадок
  • Одјавување

*Секоја група – учесник пополнува апликација и на тој начин аплицира за учество на фестивалот
*Секоја група – учесник однапред извршува авансна уплата од 10% од целокупниот износ, која е пресметана во крајната уплата
}