E-mail : info.waaf@yahoo.com
Phone : +389 46 200 - 032
Duration: 11 Sep 2019 - 14 Sep 2019
Location: Лептокарија, Грција
Price: 77€
Apply Now!
Директор: Миленко Андрески
Рок за аплицирање: 20 Јули 2019


ЛЕПТОКАРИЈА, ГРЦИЈА
Лептокарија, сместена во прегратките на планината Олимп, изобилува со атрактивни крајбрежни дестинации како што е плажата Неи Пори во Дио-Олимпос, а овој град ќе ве плени и со замоците Платманос и Платамон, црквата Св. Никола.

ЦЕЛ НА  ФЕСТИВАЛОТ
Овој фестивал е совршена прилика за учесниците кои доаѓаат од различни земји од целиот свет да се соберат на едно место и да ја изразат својата култура и традиција преку танцување, музика и традиционални носии.
Идејата на фестивалот е да се создадат и развијат нови форми на комуникација во меѓународниот дијалог и меѓународна соработка во иднина.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
  • Културно Уметнички Друштва и Ансамбли од целиот свет можат да земат учество на фестивалите
  • Бројот на учесници не е ограничен
  • Не постои возрасна граница
  • Неопходно е да се изготви минимум еден перформанс во времетраење од 12 до  15 минути
  • За време на фестивалските вечери секоја група – учесник со себе да ги понесе своите национални обележја (знаме) и обележја на друштвото
  • Се препорачува секоја група -учесник да понесе подароци за размена
  • Групите – учесници настапуваат на снимен музички материјал (CD, USB) или со сопствен оркестар
  • Секоја група – учесник ја пополнува апликацијата и на тој начин аплицира за учество на фестивалот. Во прилог на апликацијата се доставува: слики, видео материјали и кратка биографија, се со цел промоција од страна на организаторот
  • По комплетирање на целосната документација и авансното плаќање, организаторот на фестивалот доставува и официјална покана до учесниците на фестивалот
  • По пристигнувањето се врши и целосно плаќање од страна на учесниците и со тоа се обезбедува учество на фестивалот.

ТАКСА ЗА УЧЕСТВО
  • 77 евра по лице за 3 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
  • 99 евра по лице за 4 ноќевања полупансион (доручек и вечера)

ТАКСАТА ЗА УЧЕСТВО ВКЛУЧУВА
  • Сместување во хотели/апартмани, вили и одморалишта
  • На секој 20-ти учесник – 21-от е гратис
  • Бесплатен паркинг
  • Водич придружник од организацијата (на ваше барање)
  • Сертификати за учество

ТАКСАТА ЗА УЧЕСТВО НЕ ВКЛУЧУВА
  • Професионален туристички водич
  • Патничко осигурување
  • Здравствено осигурување
  • За двокреветна соба се доплаќа 5 евра дневно по лице
  • За сместување во еднокреветна соба е +50% од цената

ДЕН ПО ДЕН ПРОГРАМА
Прв фестивалски ден:
  • Пристигнување /Сместување
  • Состанок со организаторот
  • Вечера
Втор фестивалски ден:
  • Појадок
  • Факултативно: (сопствен избор)
  1. Крстарење со брод (ручек со мени карта: риба, салата, вино 16 евра по човек)
  2. Посета на Метеори (сопствен превоз) кој е оддалечен 210km, најголемиот комплекс со христијански манастири
  3. Слободни активности
  • Дефиле, Настап на учесниците (Прва фестивалска вечер)
  • Вечера
Трет фестивалски ден:
  • Појадок
  • Факултативно: (сопствен избор)
  1. Крстарење со брод (ручек со мени карта: риба, салата, вино 16 евра по човек)
  2. Посета на Метеори (сопствен превоз) кој е оддалечен 210km, најголемиот комплекс со христијански манастири
  3. Слободни активности
  • Дефиле, Настап на учесниците (Прва фестивалска вечер)
  • Вечера
Четврт фестивалски ден:
-Појадок
-Одјавување

Организаторот го задржува правото  да ја промени програмата на фестивалот
}