E-mail : info.waaf@yahoo.com
Phone : +389 46 200 - 032
Duration: 03 Aug 2018 - 07 Aug 2018
Location: Струга, Македонија
Price: 59€
Apply Now!
Директор: Александар Петрески
Рок за аплицирање: 05 Јули 2018

2872275522_676a8d96ff

ДЕН ПО ДЕН ПРОГРАМА
  • Прв фестивалски ден: Пристигнување во Струга / Сместување
  • Втор фестивалски ден: Парада низ градот и настап на учесниците (прва фестивалска вечер)
  • Трет фестивалски ден: Парада низ градот и настап на учесниците (втора фестивалска вечер), доделување на сертификати од страна на организаторот / Диско забава
  • Четврт фестивалски ден:Слободни Активности
  • Петти фестивалски ден: Одјавување

СТРУГА 
Струга, распослан е на брегот на Охридското Езеро, а реката Црн Дрим го дели на два дела. Познат е од времето на Илирите и многу од старите патеписци во своите писанија забележале дека Струга е многу жив град. Оттогаш се појавила изреката Како струга нема друга. Од 1961 год. Струга е домакин на светски познатиот фестивал на поезијата “Струшките вечери на поезијата”

ЦЕЛ НА ФЕСТИВАЛОТ
Главната цел на фестивалот е да им понуди на своите учесници можност да ја претстават културата и традицијата на својата земја, културна размена,  да се воспостават нови пријателства и да се направи  културна разновидност преку танц, музика и традиционални носии.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
  • Културно Уметнички Друштва и Ансамбли од целиот свет можат да земат учество на фестивалите
  • Бројот на учесници не е ограничен
  • Не постои возрасна граница
  • Неопходно е да се изготви минимум еден перформанс во времетраење од 12 до  15 минути
  • За време на фестивалските вечери секоја група – учесник со себе да ги понесе своите национални обележја (знаме) и обележја на друштвото
  • Се препорачува секоја група -учесник да понесе подароци за размена
  • Групите – учесници настапуваат на снимен музички материјал (CD, USB) или со сопствен оркестар
  • Секоја група – учесник ја пополнува апликацијата и на тој начин аплицира за учество на фестивалот. Во прилог на апликацијата се доставува: слики, видео материјали и кратка биографија, се со цел промоција од страна на организаторот
  • По комплетирање на целосната документација и авансното плаќање, организаторот на фестивалот доставува и официјална покана до учесниците на фестивалот
  • По пристигнувањето се врши и целосно плаќање од страна на учесниците и со тоа се обезбедува учество на фестивалот.

ТАКСА ЗА УЧЕСТВО
  • 59 евра по лице за 3 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
  • 79 евра по лице за 4 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
  • 97 евра по лице за 5 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
  • 66 евра по лице за 3 ноќевања полн пансион (доручек, ручек и вечера)
  • 85 евра по лице за 4 ноќевања полн пансион (доручек, ручек и вечера)
  • 103 евра по лице за 5 ноќевања полн пансион(доручек, ручек и вечера)

ВО ТАКСАТА ЗА УЧЕСТВО НЕ Е ВКЛУЧЕНО
  • Професионален туристички водич
  • Здраствено осигурување (Медицинските услуги – Прва помош и Услуги од ЈЗУ Општа Болница Охрид ќе бидат на терет на групата – учесник)
  • Паркинг во центарот на градот
  • Македонска туристичка такса (0.70 центи евро/40 денари по човек на ден) не е пресметана во таксата за учество и се плаќа веднаш по пристигнување и сместување

СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ
Хотел “Галеб” – 3 ѕвезди и капацитет од 250 легла
Хотел “Плаза” – 3 ѕвезди и капацитет од 60 легла
Хотел “Евро” – 3 ѕвезди и капацитет од 150 легла

ОРГАНИЗАТОРОТ НА СВОИТЕ УЧЕСНИЦИ ИМ ОБЕЗБЕДУВА
  • Сместување во хотели и апартмани
  • Бесплатен паркинг (надвор од центарот на градот)
  • Водич придружник од организацијата (на ваше барање)
  • Медиумска промоција на фестивалот (а со тоа и на групите-учесници) преку прес-конференции, радио, тв-канали, постери, флаери
  • Професионална бина (10×8 метри)
  • Професионално осветлување и техничка подршка
  • Сертификат за учество на фестивалот
  • Коктел забава
  • Пијалок за време на фестивалот
  • Сувенири и подароци за секоја група
  • DVD  и фотографии од фестивалскиот настап
  • На групите кои доаѓаат со авион им е обезбеден бесплатен превоз од Аеродром до хотелот

Организаторот го задржува правото  да ја промени програмата на фестивалот
}