E-mail : info.waaf@yahoo.com
Phone : +389 46 200 - 032
Duration: 17 Jul 2019 - 21 Jul 2019
Location: Охрид, Македонија
Price: 60€
Apply Now!
Директор: Александар Петрески
Рок за аплицирање: 20 Јули 2019


ОХРИД
Охрид – градот на светлината е вековна ризница на македонската култура и духовност, преполн со прекрасни цркви. извор на словенската писменост.
Градот, кој заедно со Охридското езеро, едно од трите најстари езера на светот, е под заштита на УНЕСКО.
Калдрмените улици во Стариот дел на градот се опкружени со традиционални ресторани и кафулиња кои ќе ви ја презентираат националната Македонска гастрономија.

ЦЕЛ НА ФЕСТИВАЛОТ
Овој фестивал е совршена прилика за учесниците кои доаѓаат од различни земји од целиот свет да се соберат на едно место и да ја изразат својата култура и традиција преку танцување, музика и традиционални носии. Охрид ќе биде домаќин на танцови и национални уметнички групи од целиот свет.
Охрид ќе биде домаќин на танцови и национални уметнички групи од целиот свет.
Учесниците ќе имаат можност да запознаат нови луѓе, да создадат нови пријателства и да ги видат убавините на градот Охрид и Охридското Езеро, кои се под заштита на УНЕСКО. Идејата на фестивалот е да се создадат и развијат нови форми на комуникација во меѓународниот дијалог и меѓународна соработка во иднина.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
  • Културно Уметнички Друштва и Ансамбли од целиот свет можат да земат учество на фестивалите
  • Бројот на учесници не е ограничен
  • Не постои возрасна граница
  • Неопходно е да се изготви минимум еден перформанс во времетраење од 12 до  15 минути
  • За време на фестивалските вечери секоја група – учесник со себе да ги понесе своите национални обележја (знаме) и обележја на друштвото
  • Се препорачува секоја група -учесник да понесе подароци за размена
  • Групите – учесници настапуваат на снимен музички материјал (CD, USB) или со сопствен оркестар
  • Секоја група – учесник ја пополнува апликацијата и на тој начин аплицира за учество на фестивалот. Во прилог на апликацијата се доставува: слики, видео материјали и кратка биографија, се со цел промоција од страна на организаторот
  • По комплетирање на целосната документација и авансното плаќање, организаторот на фестивалот доставува и официјална покана до учесниците на фестивалот
  • По пристигнувањето се врши и целосно плаќање од страна на учесниците и со тоа се обезбедува учество на фестивалот.

ТАКСА ЗА УЧЕСТВО
  • 60 евра по лице за 3 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
  • 79 евра по лице за 4 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
  • 97 евра по лице за 5 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
  • 66 евра по лице за 3 ноќевања полн пансион (доручек, ручек и вечера)
  • 85 евра по лице за 4 ноќевања полн пансион (доручек, ручек и вечера)
  • 103 евра по лице за 5 ноќевања полн пансион (доручек, ручек и вечера)
На секој 20-ти учесник, 21-от е гратис.

АРАНЖМАНИ КОИ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА
-За двокреветна соба се доплаќа 5 евра дневно по лице
-За сместување во еднокреветна соба е +50% од цената
*На ваше барање можете да го продолжите вашиот престој во Охрид за 20 евра дневно-полн пансион (појадок, ручек и вечера). За дополнителните дена организаторот ќе подготви специјална програма за вас.
 *ВАЖНО: Македонска туристичка такса (0.70 центи евро/40 денари по човек на ден) не е пресметана во таксата за учество и се плаќа веднаш по пристигнување и сместување

СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ
  • Хотел “Чинго” – 4 ѕвезди и капацитет од 55 легла
  • Хотел “Мизо” – 4 ѕвезди и капацитет од 120 легла
  • Апартмани “Моника” – 3 ѕвезди и капацитет од 50 легла
  • Хотел “Амбасадор” – 3 ѕвезди и капацитет од 70 легла
  • Хотел “Десарет” – 3 ѕвезди и капацитет од 150 легла
  • Хотел “Ловец” – 3 ѕвезди и капацитет од 70 легла

ОРГАНИЗАТОРОТ НА СВОИТЕ УЧЕСНИЦИ ИМ ОБЕЗБЕДУВА
  • Сместување во хотели и апартмани
  • Бесплатен паркинг (надвор од центарот на градот)
  • Водич придружник од организацијата (на ваше барање)
  • Медиумска промоција на фестивалот (а со тоа и на групите-учесници) преку прес-конференции, радио, тв-канали, постери, флаери
  • Професионална бина (10×8 метри)
  • Професионално осветлување и техничка подршка
  • Сертификат за учество на фестивалот
  • Коктел забава
  • Пијалок за време на фестивалот
  • Сувенири и подароци за секоја група
  • DVD  и фотографии од фестивалскиот настап
  • На групите кои доаѓаат со авион им е обезбеден бесплатен превоз од Аеродром до хотелот

ВО ТАКСАТА ЗА УЧЕСТВО НЕ Е ВКЛУЧЕНО
  • Професионален туристички водич
  • Патничко осигурување
  • Здравствено осигурување (Медицинските услуги – Прва помош и Услуги од ЈЗУ Општа Болница Охрид ќе бидат на терет на групата – учесник)
  • Паркинг во центарот на градот

ДЕН ПО ДЕН ПРОГРАМА
Прв фестивалски ден:
  • Пристигнување во Охрид/Сместување во апартманите, хотелите
  • Средба со организаторот (програма со распоред на активности)
  • Ручек
  • Слободни активности
  • Вечера
  • Слободни активности
Втор фестивалски ден:
  • Појадок
  • Разгледување на градот Охрид: Охрид Етно Музеј (1 евро), Црква Св. Софија , црква св. Климент и Пантелејмон  (2 евра), Антички театар, Самоилова тврдина (1 евро), 
  • Ручек
  • Парада низ градот и настап на учесниците (прва фестивалска вечер)
  • Вечера
Трет фестивалски ден:
  • Појадок
  • Пловење со брод по Охридското езеро (8 евра), посета на Музејот на вода (залив на коските) и манастирот Св. Наум
  • Ручек
  • Парада низ градот, (втора фестивалска вечер), доделување на сертификати од страна на организаторот
  • Вечера
Четврт фестивалски ден:
  • Појадок
  • Разглед на градот Струга: посета на историски и културни споменици (река Црн Дрим, манастир Пресвета Богородица-Калишта, Вевчани и Вевчанските извори (1 евро)
  • Ручек
  • Вечера
Петти фестивалски ден:
  • Појадок
  • Одјавување од хотелот, апартманот

Организаторот го задржува правото  да ја промени програмата на фестивалот
}