E-mail : info.waaf@yahoo.com
Phone : +389 46 200 - 032
Duration: 21 Aug 2019 - 25 Aug 2019
Location: Бар, Црна Гора
Price: 69€
Apply Now!
Директор: Александар Петрески
Рок за аплицирање: 20 Јули 2019


БАР, ЦРНА ГОРА
Црногорски отворен премин, со најголемо пристаниште на источниот брег на Јадранот, Медитерански центар на разновидност, примамлив по својата дружељубивост, своите птици, маслинки и вино. Бар претставува модерен град кој се шири секој ден.
Тука природата се менува со секој нов чекор. Иако е пристаништен град, е неверојатно чист и има голем број развиени зелени површини.
Интернационалното пристаниште за крстарици и јахти е долго 46 км, но немојте да се вознемирувате ако повеќе преферирате да пливате, таму има доволно место за вас со некои 9 км долга плажа во текот на летната сезона, која трае од средината на мај, до средината на октомври. Во околината се наоѓаат голем број туристички атракции. Стариот Град во Бар, тврдината Хај – Нехај изградена во 15-от век заедно со своите остатоци, и замокот на кралот Никола претставуваат историски и културни споменици на овој град. Во Бар има маслиново дрво кое е повеќе од 2000 години старо, Скадарското Езеро со едно од најголемите живеалишта на птици, како и голем број на манастири и цркви за посетителите кои уживаат во ваквиот вид на туризам.
Големиот број на плажи и заливи, како Добра Вода, Сутоморе, Чањ ќе ве натераат да дојдете повторно во Бар. Лоциран под планината Румија, помеѓу Јадранското Море и Скадарското Езеро, Бар ќе ве изненади со разновидноста од култури, религии, нации, обичаи, како и со тивките села во околината.

ЦЕЛ НА  ФЕСТИВАЛОТ
Овој фестивал е совршена прилика за учесниците кои доаѓаат од различни земји од целиот свет да се соберат на едно место и да ја изразат својата култура и традиција преку танцување, музика и традиционални носии.
Идејата на фестивалот е да се создадат и развијат нови форми на комуникација во меѓународниот дијалог и меѓународна соработка во иднина.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
  • Културно Уметнички Друштва и Ансамбли од целиот свет можат да земат учество на фестивалите
  • Бројот на учесници не е ограничен
  • Не постои возрасна граница
  • Неопходно е да се изготви минимум еден перформанс во времетраење од 12 до  15 минути
  • За време на фестивалските вечери секоја група – учесник со себе да ги понесе своите национални обележја (знаме) и обележја на друштвото
  • Се препорачува секоја група -учесник да понесе подароци за размена
  • Групите – учесници настапуваат на снимен музички материјал (CD, USB) или со сопствен оркестар
  • Секоја група – учесник ја пополнува апликацијата и на тој начин аплицира за учество на фестивалот. Во прилог на апликацијата се доставува: слики, видео материјали и кратка биографија, се со цел промоција од страна на организаторот
  • По комплетирање на целосната документација и авансното плаќање, организаторот на фестивалот доставува и официјална покана до учесниците на фестивалот
  • По пристигнувањето се врши и целосно плаќање од страна на учесниците и со тоа се обезбедува учество на фестивалот.

ТАКСА ЗА УЧЕСТВО
Сместување во вили и одморалишта:
  • 69 евра по лице за 3 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
  • 89 евра по лице за 4 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
Сместување во хотели и апартмани:
  • 105 евра по лице за 3 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
  • 125 евра по лице за 4 ноќевања полупансион (доручек и вечера)

ТАКСАТА ЗА УЧЕСТВО ВКЛУЧУВА
  • Сместување во хотели/апартмани, вили и одморалишта
  • На секој 20-ти учесник – 21-от е гратис
  • Бесплатен паркинг
  • Водич придружник од организацијата (на ваше барање)
  • Сертификати за учество

ТАКСАТА ЗА УЧЕСТВО НЕ ВКЛУЧУВА
  • Професионален туристички водич
  • Патничко осигурување
  • Здравствено осигурување
  • Црногорска туристичка такса и осигурување (1.5 евро по лице на ден)
  • За двокреветна соба се доплаќа 5 евра дневно по лице
  • За сместување во еднокреветна соба е +50% од цената

ДЕН ПО ДЕН ПРОГРАМА
Прв фестивалски ден:
-Сместување во хотелите
-Слободни активности
-Вечера
Втор фестивалски ден:
-Појадок
-Факултативна посета на Стариот Град
-Парада и настап на учесниците/Официјално отворање на фестивалот/Прва фестивалска вечер
-Вечера
Трет фестивалски ден:
-Појадок
-Факултативно – Крстарење со брод (10 евра по лице)
-Парада и настап на учесниците/Официјално затворање на фестивалот/Втора фестивалска вечер
-Вечера
Четврт фестивалски ден:
-Појадок
-Факултативна посета на Будва, Тиват, Котор (групите –учесници на овие екскурзии одат со свој превоз)
-Вечера
Петти фестивалски ден:
-Појадок
-Одјавување

Организаторот го задржува правото  да ја промени програмата на фестивалот
*Секоја група – учесник пополнува апликација и на тој начин аплицира за учество на фестивалот
*Секоја група – учесник однапред извршува авансна уплата од 10% од целокупниот износ, која е пресметана во крајната уплата
}