E-mail : info.waaf@yahoo.com
Phone : +389 46 200 - 032
Duration: 08 Jul 2019 - 12 Jul 2019
Location: Будва, Црна Гора
Price: 69€
Apply Now!
Директор: Миленко Андрески
Рок за аплицирање: 30 Јуни 2019


БУДВА, ЦРНА ГОРА
Таму постои посебен вид на убавина, што едноставно не можете да се заситите од неа. Ве релаксира, опушта, привлекува и восхитува.
Егзотичните предели не секогаш се недостапни. Во срцето на Јадранскиот брег во Црна Гора постои град кој ве чека вас, и одморот од вашите соништа може да се оствари.
Будва претставува метропола на Црногорскиот туризам благодарение на големиот број плажи и хотели кои го прават овој град најпосакувана дестинација. Брегот долг 21 км е еден од најубавите во светот со убавина која нема да ве остави рамнодушни. Се што треба да направите е да се одлучите и таму ве чекаат 35 прекрасни плажи од кои 8 се маркирани со плаво знаме – престижна интернационална награда за квалитет и високи стандарди на услуга на плажите. Тука е и чистото и безбедно море со плажи каде што може да пливате колку што сакате.
Покрај природната убавина (островите и плажите), Будва е богата и со историски споменици. Полуостровскиот Стар Град е поплочен со тесни улички и плоштади, познати градби, црквата Св. Троица со гробницата на извонредниот писател Стјепан Митров Љубиша, црквите Св Иван, Св. Богородица и Св. Сава, кои претставуват културно и историско наследство.
Посетата на ѕидините во Стариот град е задолжителна. Ќе го доживеете стариот дух и шармот на ренесансниот период во Будва.
Во стариот Град исто така може да посетите многу продавници, кафичи, ресторани и галерии. Манастирите Станјевци, Резевици и Градиште се важни историски и религиски споменици во Будва.

ЦЕЛ НА  ФЕСТИВАЛОТ
Овој фестивал е совршена прилика за учесниците кои доаѓаат од различни земји од целиот свет да се соберат на едно место и да ја изразат својата култура и традиција преку танцување, музика и традиционални носии.
Идејата на фестивалот е да се создадат и развијат нови форми на комуникација во меѓународниот дијалог и меѓународна соработка во иднина.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
  • Културно Уметнички Друштва и Ансамбли од целиот свет можат да земат учество на фестивалите
  • Бројот на учесници не е ограничен
  • Не постои возрасна граница
  • Неопходно е да се изготви минимум еден перформанс во времетраење од 12 до  15 минути
  • За време на фестивалските вечери секоја група – учесник со себе да ги понесе своите национални обележја (знаме) и обележја на друштвото
  • Се препорачува секоја група -учесник да понесе подароци за размена
  • Групите – учесници настапуваат на снимен музички материјал (CD, USB) или со сопствен оркестар
  • Секоја група – учесник ја пополнува апликацијата и на тој начин аплицира за учество на фестивалот. Во прилог на апликацијата се доставува: слики, видео материјали и кратка биографија, се со цел промоција од страна на организаторот
  • По комплетирање на целосната документација и авансното плаќање, организаторот на фестивалот доставува и официјална покана до учесниците на фестивалот
  • По пристигнувањето се врши и целосно плаќање од страна на учесниците и со тоа се обезбедува учество на фестивалот.

ТАКСА ЗА УЧЕСТВО
Сместување во вили и одморалишта:
  • 69 евра по лице за 3 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
  • 89 евра по лице за 4 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
Сместување во хотели и апартмани:
  • 77 евра по лице за 3 ноќевања полупансион (доручек и вечера)
  • 97 евра по лице за 4 ноќевања полупансион (доручек и вечера)

ТАКСАТА ЗА УЧЕСТВО ВКЛУЧУВА
  • Сместување во хотели/апартмани, вили и одморалишта
  • На секој 20-ти учесник – 21-от е гратис
  • Бесплатен паркинг
  • Водич придружник од организацијата (на ваше барање)
  • Сертификати за учество

ТАКСАТА ЗА УЧЕСТВО НЕ ВКЛУЧУВА
  • Професионален туристички водич
  • Патничко осигурување
  • Здравствено осигурување
  • Црногорска туристичка такса и осигурување (1.5 евро по лице на ден)
  • За двокреветна соба се доплаќа 5 евра дневно по лице
  • За сместување во еднокреветна соба е +50% од цената

ДЕН ПО ДЕН ПРОГРАМА
Прв фестивалски ден:
-Сместување во хотелите
-Слободни активности
-Вечера
Втор фестивалски ден:
Појадок
-Факултативна посета на Стариот Град
-Вечера
Трет фестивалски ден:
-Појадок
-Факултативно – Крстарење со брод (кратка релација 5 евра, долга релација –12 евра по лице)
-Парада и настап на учесниците/Официјално отворање на фестивалот/Прва фестивалска вечер
-Вечера
Четврт фестивалски ден:
-Појадок
-Факултативна посета на Будва, Тиват, Котор (групите –учесници на овие екскурзии одат со свој превоз)
-Парада и настап на учесниците/Официјално затворање на фестивалот/Втора фестивалска вечер
-Вечера
Петти фестивалски ден:
-Појадок
-Одјавување

Организаторот го задржува правото  да ја промени програмата на фестивалот
*Секоја група – учесник пополнува апликација и на тој начин аплицира за учество на фестивалот
*Секоја група – учесник однапред извршува авансна уплата од 10% од целокупниот износ, која е пресметана во крајната уплата
}